Кој должи најмногу? УЈП „улови“ 1.941 фирми и над 3.100 граѓани со неплатени даноци

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.06/2026 за долгови доспеани до 28.02.2026 година и неплатени до 31.05.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

Бројот на фирми-должници паѓа, но на листата се додадени 53 нови физички лица

На Листата на должници бр.06/2026 објавени се 1.941 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 3.117 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2026 изнесува 12.913.992.404 денари, (повеќе за 786.021.092 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.723.405.071 денари, (повеќе за 784.468.818 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 190.587.333 денари (повеќе за 1.552.274 од претходната листа).