Fiat го купува остатокот од Chrysler

47

fiatИталијанскиот произведувач на автомобили Fiat објави вчера дека постигнал договор за преземање на преостанатите акции на американски Chrysler за 3,65 милијарди долари во вид на исплата на еден синдикален фонд.

Fiat веќе има 58,5% акции на Chrysler, a 41,5% имаше Фондот на обединети авто – синдикати кој им плаќа здравствено на пензионерите.

Според договорот, Fiat веднаш ќе уплати 1,9 милијарди долари во фондот, а уште 1,75 милијарди по потпишувањето на договорот. Chrysler во фондот ќе уплати 700 милиони долари.

Серџо Марчионе, извршен директор на Fiat, долго време настојуваше да ги купи акциите на синдикатот за двете компании да ги спои во една.

Fiat влезе во Chrysler во 2009 година. Италијанскиот концерн понуди know – how, а за возврат добиваше се поголем удел во американскиот концерн.