Златото се спушти под 4.000 долари за унца – најниско ниво во последните седум месеци

Цената на златото продолжува да се намалува на светските берзи, откако благородниот метал се спушти под границата од 4.000 долари за унца. ниво што не беше забележано во последните седум месеци.

Според актуелниот курс на еврото, оваа вредност изнесува околу 114 евра за грам 24-каратно злато. Во текот на тргувањето имаше моменти кога цената падна и на околу 112 до 113 евра за грам, но вредноста постојано се менува во зависност од движењето на доларот и состојбите на меѓународните пазари.

Падот претставува значителна промена во однос на почетокот на годината, кога златото достигна историски максимум од 5.594,82 долари за унца.

Од тогаш, златото изгуби речиси 28 проценти од својата вредност и се движи кон четврта последователна недела со негативен тренд.

Аналитичарите посочуваат дека врз цената влијаат повеќе фактори, меѓу кои движењата на американскиот долар, очекувањата за монетарната политика и промените во расположението на инвеститорите на глобалните пазари.

И покрај падот, златото и понатаму останува еден од најследените инструменти за заштита на капиталот во услови на економска неизвесност.