ЕЦБ со нови податоци: Забрзан раст на паричната маса во еврозоната на 3,2 проценти во мај

Годишната стапка на раст на широкиот монетарен агрегат М3 во еврозоната, кој е најширокиот индикатор за парите во економијата, се искачи на 3,2 проценти во мај, од 2,7 проценти во април, објави денес Европската централна банка.

М3 се нарекува „широк монетарен агрегат“ бидејќи вклучува и помалку ликвидни форми на пари, т.е. средства кои не можат веднаш да се потрошат, но можат релативно брзо да се конвертираат во готовина.

Годишната стапка на раст на тесниот монетарен агрегат М1, кој ги вклучува парите во оптек и депозитите преку ноќ, се искачи на 4,0 проценти во мај од 3,8 проценти во април.