Црногорците во просек заработуваат по 1.033 евра нето, бруто-платата e 1.234 евра

Просечната плата без даноци и придонеси, односно нето платата, во Црна Гора во мај 2026 година изнесувала 1.033 евра, додека просечната бруто плата изнесувала 1.234 евра, објави Управата за статистика Монстат.

Според податоците, просечната нето плата во мај е зголемена за 0,4 проценти во споредба со април 2026 година.
Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната нето плата забележала раст од 1,9 проценти.
Со оглед на тоа што потрошувачките цени во мај 2026 година, во споредба со април, се зголемија за 0,4 проценти, следува дека реалните плати останале на исто ниво.