Валутни пазари: Доларот стагнира, нафтата во благ раст

На валутните пазари,  вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнираше близу најниските нивоа за две недели.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, е околу 100,90 поени утрово, додека во петокот навечер беше 100,88 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од 161,35 на 161,80 јени.

Американската валута исто така зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1430 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,1435 долари.
Цените на нафтата пак благо се покачија.

Цената на барелот Брент се тргува за 72,14 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот за 68,89 долари за барел.