
Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека угостителските услуги во јуни продолжиле да растат, при што ручекот, алкохолот и ноќевањата нè чинат повеќе во однос на претходниот месец. Кога ќе се спореди со истиот период лани, ценовниците во рестораните и хотелите се зголемени за 2.6%.
Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец .Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.6 %.
Во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 2.8 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.8 %.
Цените во угостителството во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, во следниве групи се зголемени за:
0.2 % кај Храна
0.3 % кај Алколхолни пијалаци
0.1 % кај Безалкохолни пијалаци
0.2 % кај Ноќевања











