Цирих е втор најскап град во светот за богатите

Цирих стана втор најскап град во светот за најбогатите жители, веднаш зад Сингапур, бидејќи зајакнувањето на швајцарскиот франк дополнително ги зголеми трошоците за живот, според индексот на животниот стандард за богати поединци објавен денес од банката „Џулиус Баер“.

Швајцарскиот град напредуваше за три места на листата во споредба со минатата година, објавува Swiss Info.

Индексот не ги мери класичните трошоци за живот на просечниот жител, туку цената на луксузен животен стандард за луѓе со големи приходи и средства, тој се фокусира на цените на луксузните недвижности и автомобили, приватното образование и здравствените услуги, врвните ресторани или авионските билети од бизнис класа, како и други трошоци над стандардните.