
Надзорниот одбор на „Фолксваген“ денес дискутира за нов план за реструктуирање на компанијата, додека синдикатот и работничкиот совет организираат протести низ цела Германија поради евентуално затворање на фабрики и понатамошно намалување на работните места.
Според „Билд“ и други германски медиуми, извршниот директор Оливер Блуме ја подготвува стратегијата „Визија 2030“, која предвидува понатамошно намалување на трошоците со цел компанијата да се прилагоди на сè потешките услови на глобалниот пазар.
Неофицијално, како дел од новата програма, би можеле да бидат укинати до 100.000 работни места низ целиот свет, додека четири фабрики во Германија, во Хановер, Емден, Цвикау и Некарзулм, кои вработуваат околу 40.000 луѓе, би можеле да бидат затворени.











