
Годишната инфлација во Германија се забави во јуни од 2,6 проценти во мај на 2,3 проценти, во согласност со претходната прелиминарна проценка, додека на месечна основа се намали за 0,3 проценти, објави денес Федералниот завод за статистика (Дестатис).
Цените на енергијата се зголемија за 3,4 проценти на годишно ниво во јуни, што претставува значително забавување во споредба со растот од 6,6 проценти во мај и растот од 10,1 процент во април.
Покрај движењата на глобалниот пазар на сурова нафта, клучен фактор зад овој пад беше привременото намалување на даноците на гориво во Германија што стапи на сила на 1 мај и траеше до 30 јуни 2026 година.










