
Германската индустрија изгуби 177.000 работни места за само една година до декември 2025 година, што покажува зголемен притисок врз традиционално најважните сектори на германската економија кои вработуваат околу 6,5 милиони луѓе, објави денес Федералната агенција за труд со седиште во Нирнберг.
Најголем пад е забележан во автомобилската индустрија и нејзините добавувачи, каде што се скратени 52.000 работни места, објави „Виршафтсвое“.
Дополнителни 24.000 работни места се изгубени во секторот за преработка на метали, додека машинското инженерство го намали бројот на вработени за 28.000.
Претседателката на Федералната агенција за труд, Андреа Налес, кон крајот на јуни изјави дека германската индустрија моментално губи околу 15.000 работни места месечно.
Падот на вработеноста ги одразува длабоките промени низ кои минува германскиот индустриски модел, а особено е погоден автомобилскиот сектор, кој се соочува со транзиција кон електрични возила, растечка конкуренција од кинеските производители, високи трошоци за производство и послаба побарувачка на европскиот пазар, објавуваат германските медиуми.











