Растат трошоците во земјоделството: Инпутот поскапе за 6,4%, а аутпутот за 4,5% во јуни

Според податоците на Државниот завод за статистика цените во земјоделството во јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 6.4 % кај инпутот и за 4.5 % кај аутпутот

Во делот инпут, во јуни 2026 година, во споредба со јуни 2025 година, кај цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за
6.2 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 8.5 %.
Во делот аутпут, во јуни 2026 година, во споредба со јуни 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 5.9 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 0.2 %.

Кај цените во земјоделството во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, се бележи следнава динамика:
  •  повисоки се за 5.9 % кај растителното производство, а
  • повисоки за 0.2 % кај добиточното производство 
во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот
  • повисоки се за 6.4 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
  •  за 8.5 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.