
„Цените на нафтата во петокот скокнаа за повеќе од 4% на највисокото ниво во изминатиот месец, откако САД и Иран ги засилија нападите низ Заливот, при што поморскиот сообраќај е загрозен од потенцијално затворање на Црвеното Море, покрај веќе ограничениот сообраќај низ Ормутскиот Теснец, пренесува Ројтерс.
Фјучерсите на нафтата Брент се зголемија за 3,87 долари или 4,59%, достигнувајќи цена од 88,10 долари за барел, додека фјучерсите на американската нафта Вест Тексас Интермедиат (WTI) пораснаа за 3,54 долари или 4,48%, на 82,49 долари. Двете вредности се на највисокото ниво од средината на јуни.
И утрово вените на нафтата растат па Брент се тргува по цена од 88,10 %, а американската ВТИ 82,49 долари за барел, според OilPrice.com.
Двата противника ги проширија борбите во петокот, при што САД погодија мостови и аеродром во Иран, додека Техеран нападна централа за електрична енергија и постројка за десалинизација на вода во Кувајт. Иран соопшти дека извршил дополнителни напади врз американски објекти на Блискиот Исток, вклучувајќи го и првиот директен напад во Сирија, по шестата последователна ноќ на американски напади врз ирански воени објекти.











