Бугарија ги казни Lidl и Billa поради измама на потрошувачите преку рекламни кампањи

49

lidlКомисијата за заштита на конкуренцијата во Бугарија казни два малопродажни синџири, Lidl и Billa, поради измама со рекламни кампањи. Казните за двете фирми се 435.000 евра.

Санкцијата за Lidl Бугарија е за кампањата “Најдоброто од Бугарија. Најдоброто од Европа”. Комисијата за заштита на конкуренцијата смета дека “преку употреба на ‘нај’ се испраќа порака дека производите што ги нуди компанијата се најдобрите, без да понуди докази за тоа, како што се студии, компаративни анализи, тестови, анкети, признанија за производите или друго. Затоа Комисијата ја смета оваа кампања за погрешна и на Lidl му наложи казна од 189.000 евра.

Од компанијата за Капитал Daily не се согласуваат дека рекламната кампања ги прекршила правилата. Од Lidl велат дека оваа кампања е спроведена во многу европски земји и е усогласена со сите важечки правни норми – бугарски и европски. Додаваат дека имаат имплементирано “огромен доказен материјал” до комисијата.

Billa е казнета со 246.000 евра поради кампањата за најниска цена на производите Clever, сопствена марка на овој ланец. При стартот на кампањата, Billa вети дека ќе ја покрие разликата во цената, ако потрошувачот докаже дека во друга продавница таа е пониска. Комисијата утврдила дека Billa Бугарија не секогаш ги намалувала цените на стоките со брендот Clever. Во тој смисол Комисијата претпоставува дека рекламната кампања претставува ризик од доведување во заблуда на потрошувачите, кај кои се создава погрешен впечаток дека при купувањето на производ Clever секогаш ќе платат најниски цени наспроти споредливи производи во други конкурентни трговски ланци.

Освен паричните казни, во одлуката на Комисијата стои дека кампањите треба да се прекинат. Малопродажните ланци можат да поднесат жалби до судот.