Јапонскиот произведувач на автомобили Nissan откри како ќе изгледа новото такси што ќе се вози по улиците на Лондон. Автомобилот е заснован на моделот NV200, со елементи на класичните такси возила по кои е препознатлив овој град.
Nissan, кој веќе ги обезбеди со такси возила Њујорк, Барселона и Токио, соопшти дека возилата ќе бидат на улиците до крајот на годинава.