
Продажбата на мотоцикли во Европа продолжува со силен раст, со 636.490 нови мотоцикли регистрирани во првата половина од оваа година на петте најголеми европски пазари, што е раст од 16,8 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Овој број е за 27 проценти над нивото во 2019 година, пред пандемијата на Ковид.
Растот е забележан на сите најголеми пазари, а особено се издвојуваат Германија (27,6 проценти) и Шпанија (23,6 проценти), додека Италија, како најголем европски пазар на мотоцикли, повторно постигна двоцифрен раст (13,2 проценти).
Позитивниот тренд продолжи во сегментот на мопеди, со 72.076 нови возила регистрирани на шест европски пазари, или 4,7 проценти повеќе од минатата година.
Според податоците од Европската асоцијација за продажба на мотоцикли (ACEM), ваквите резултати го потврдуваат континуираниот раст на интересот за мотоцикли и други возила од L-категоријата како практично решение за секојдневна мобилност, но и за слободно време.











