
Големите резерви на сурова нафта на Кина, забрзаната електрификација на транспортот и намалената потрошувачка во петрохемиската индустрија придонесоа за ублажување на глобалните економски последици од војната со Иран и го ограничија порастот на цените на енергијата, оценија економистите на Европската централна банка (ЕЦБ) во анализа објавена денес.
Во анализата објавена на блогот на ЕЦБ се наведува дека Кина значително ги зголемила своите стратешки резерви на сурова нафта, така што залихите се зголемиле од количина доволна за 92 дена увоз во текот на 2023 година на 115 дена во првата половина од оваа година.
Според економистите, ова помогнало да се ублажат последиците од прекините во снабдувањето со енергија, кои се значително поголеми отколку по почетокот на војната во Украина во 2022 година, објави Еурактив.











