Путин повторно се фали: Руската економија блеска

„Русија сè уште е на четвртото место во светот во однос на паритетот на куповната моќ, по Кина, САД и Индија. Четврто. И прво во Европа“, прецизираше Путин.

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија во однос на паритетот на куповната моќ сè уште е на четвртото место во светот и на прво во Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со пратениците од Државната дума.

„Русија сè уште е на четвртото место во светот во однос на паритетот на куповната моќ, по Кина, САД и Индија. Четврто. И прво во Европа“, прецизираше Путин.

Зборувајќи за стапката на раст на руската економија, шефот на државата истакна дека сè уште постојат ризици од зголемување на инфлацијата.

„Ние сме и пред Европската Унија во однос на стапките на економски раст. Но, секако, би сакале повеќе. Секако. Сепак, постојат ризици, ризици од зголемување на инфлацијата и последиците поврзани со тоа“, рече рускиот лидер.

Покрај тоа, сегашната политика нуди значајни предности, додаде тој.

„Која е оваа клучна предност? Тоа е отпорноста на рускиот економски и финансиски систем, тоа е најважното нешто. Отпорност што ни овозможува да решаваме разни прашања, како и да работиме на развојот на индустријата како целина, вклучително и одбранбениот сектор, и на решавање на социјалните прашања“, заклучи Путин, пренесува Спутник.

Да потсетиме, Путин одржа состанок со пратениците по последната пленарна седница на Државната дума од осмото свикување. Рускиот претседател им се заблагодари и на пратениците на Државната дума за нивната ефикасна работа, зајакнување на државниот суверенитет и заштита на националните интереси на земјата.