Повеќе од три милиони луѓе без работа во Германија

Стапката на невработеност во Германија се зголеми за 0,2 процентни поени и сега изнесува 6,4 проценти, се додава во соопштението.

Бројот на невработени лица во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони, објави во петокот Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг.

Според официјалните податоци, 3,007 милиони луѓе биле регистрирани како невработени во јули, што е за 71.000 повеќе отколку во јуни и за 28.000 повеќе отколку во истиот период минатата година, објави Ханделсблат.

Стапката на невработеност во Германија се зголеми за 0,2 процентни поени и сега изнесува 6,4 проценти, се додава во соопштението.

Според Даниел Терценбах, член на одборот на Федералната агенција за вработување, зголемувањето на невработеноста во јули главно се должи на сезонски фактори, но слабите трендови на пазарот на трудот што траат веќе неколку месеци продолжуваат.

Во Германија, бројот на невработени лица традиционално се зголемува во јули поради почетокот на летниот распуст.

Многу млади луѓе се привремено невработени по завршувањето на образованието или стручното оспособување, некои договори за вработување истекуваат на крајот од кварталот, додека работодавците често ги одложуваат новите вработувања до по завршувањето на годишните одмори.