Цените на нафтата пораснаа

Цените на нафтата пораснаа поради неизвесноста и поврзаноста помеѓу договорот меѓу САД и Иран. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент утрово порасна за 1,05 проценти, на 84,45 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот порасна за 0,79 проценти, на 78,80 долари.

На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, по падот од минатата недела. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово се движи околу 99,72 поени, што е за 0,18 проценти повисоко отколку што беше во петокот навечер.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,29 проценти, на 158,25 јени. Американската валута, исто така, зајакна во однос на европската за 0,09 проценти, па цената на еврото се лизна на 1,1548 долари.