Хапаг-Лојд: Затворањето на Ормутскиот теснец нè чинеше 600 милиони долари

Германската бродска компанија „Хапаг-Лојд“ денес објави дека затворањето на Ормутскиот теснец поради конфликтот на Блискиот Исток во вториот квартал ја чинеше околу 600 милиони долари, додека нето добивката на компанијата падна на 83 милиони долари.

Компанијата соопшти дека нето добивката е намалена во однос на 306 милиони долари во истиот период минатата година.

Силниот извоз од Азија и подобрената побарувачка во Соединетите Американски Држави делумно ги компензираа загубите предизвикани од прекините во сообраќајот на Блискиот Исток, соопшти „Хапаг-Лојд“