
Приносот на 30-годишните државни обврзници на САД оваа недела достигна највисоко ниво од 2007 година, додека приносите на долгорочните француски и германски обврзници достигнаа повеќегодишни максимуми, објавува Блумберг.
Инвеститорите се најзагрижени за инфлацијата и зголемувањето на долговите поради инвестициите во вештачка интелигенција, а владите ширум светот ги плаќаат сметките.
Приносот на 30-годишните државни обврзници на САД достигна 5,32 проценти во вторник, откако се зголеми за речиси 40 базични поени од крајот на јуни.
Во Франција, приносот на триесетгодишните обврзници достигна највисоко ниво од 2008 година, додека германските приноси за сличен рок се на нивоа последен пат видени во 2011 година.
Во Велика Британија, приносот на долгорочните државни обврзници се приближува до шест проценти, додека во Јапонија е близу до рекордно високо ниво.
Инвеститорите стравуваат дека сè поподелениот свет ќе донесе нови шокови и трајно повисока инфлација, и дека владите нема да успеат да ги намалат трошоците, додека традиционалните големи купувачи на обврзници, како што се пензиските фондови, купуваат сè помалку државен долг.
Покрај тоа, технолошките компании, кои инвестираат многу во вештачка интелигенција, сè повеќе издаваат долгорочни обврзници за финансирање на инвестицијата, што претставува конкуренција за државни обврзници.
Поради ова, министрите за финансии на многу земји сè повеќе издаваат краткорочни обврзници, каде што каматните стапки се пониски, бидејќи повеќе не можат да позајмуваат со децении однапред по поранешните ниски стапки.
За државите, ова значи дека ерата на ултраевтино долгорочно финансирање можеби е завршена, се додава во анализата.
Каматата за јавниот долг на САД во тековната фискална година достигна 1,17 трилиони долари, што е за 15 проценти повеќе отколку во истиот период, делумно поради повисоките приноси на државните обврзници.
Во исто време, годишниот буџетски дефицит на САД достигна речиси два трилиони долари, додека јавниот долг се приближува до бројката од 40 милијарди долари.











