Синдикалната кошница за август се искачи на 68.675 денари: Храната го голта најголемиот дел од буџетот

Животните трошоци во земјава продолжуваат да растат. Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година достигна 68.675 денари, што е за 177 денари повеќе во споредба со претходниот месец, соопштија денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Најголем дел од месечниот буџет на едно четиричлено семејство заминува за основните потреби — дури 25.032 денари за храна и пијалоци, по што следуваат трошоците за образование со 7.192 денари, облека и обувки со 6.511 денари, како и комуналиите (вода, струја, греење) кои изнесуваат 6.370 денари, a за транспорт 5.175 денари, ресторани и хотели 4.131, за комуникациии 3.677, за хигиена 2.692, за здравје 1.196 денари.

За семејствата кои живеат под кирија во стан од 60 квадратни метри, августската синдикална кошница изнесува високи 84.050 денари.