Паднаа цените на нафтата на светските берзи

Откако минатата недела пораснаа за повеќе од 5 проценти, цените на нафтата утрово паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот од типот Брент се лизна за 1,37 проценти, на 93,10 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 1,60 проценти, на 85,65 долари.

И покрај ова, од почетокот на месецот, цените на „црното злато“ се зголемија за повеќе од 5 проценти.

Доларот стагнира
И на валутните пазари, вредноста на американската валута во однос на кошничката на валути стагнира, откако минатата недела падна за 0,8 проценти.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 98,85 поени, додека во петокот навечер беше 98,84 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута е околу 158,95 јени, колку што беше во петокот навечер.

Сепак, американската валута малку зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1675 долари, додека во петокот навечер беше 1,1680 долари.