Фолксваген најавува радикални заштеди, вработените стравуваат за своите работни места

Работничкиот совет на „Фолксваген“  го критикуваше менаџментот на компанијата, поради, како што вели, „катастрофална комуникација“ во врска со ситуацијата во компанијата.

Вработените и нивните семејства се „вознемирени и исплашени“ поради неизвесноста, според пораката од работничкиот совет, објавена од „Ројтерс“.

Работничкиот совет бара појасни информации за иднината на поединечните фабрики, како и за евентуалното намалување на бројот на вработени, бидејќи тврдат дека најважните информации ги добиваат само од медиумите.