ОИЛКО КДА започнува со исплата на дивиденда

„ОИЛКО КДА Скопје“ на 31 август 2026 година ќе започне со исплата на дивиденда, согласно одлуката донесена на 21-вата седница на Собранието на акционери. За оваа намена се издвоени вкупно 141.543.000 денари, што претставува бруто-износ од 600 денари по акција.

“ОИЛКО КДА Скопје, со седиште на ул.10 бр.152 Миладиновци, согласно
Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за
2025 година бр. 0201-38/2-3, донесена на 21-ва седница на Собранието на
Акционери на Оилко КДА Скопје, одржана на 27.05.2026 година, објавува дека
на ден 31.08.2026 година, започнува со исплата на дивиденда во бруто износ
од 141.543.000 денари, односно во бруто износ од 600 денари по акција“, извести ОИЛКО КДА.