
Во првата половина од 2026 година, нето добивката на „Газпром“ се намали за 12,1 процент на 863,9 милијарди рубљи (околу десет милијарди долари).
Од друга страна, нето добивката на овој енергетски гигант се зголеми за 61 процент во вториот квартал од оваа година, поради повисоките цени на енергијата на светскиот пазар, пренесува агенцијата „Анадолу“.
Приходите на „Газпром“ од продажба на природен гас во Русија се зголемија за 17 проценти, додека обемот на извоз на природен гас се зголеми за осум проценти во тој шестмесечен период.
„Газпром“, чиј обем на продажба во Европа е намален од почетокот на војната во Украина, има за цел да го зголеми извозот во Кина.











