Мерцедес започнува со откуп на сопствени акции во вредност од една милијарда евра

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ денес започна нова програма за откуп на акции, вредна до една милијарда евра, со намера да купи до 58 милиони акции кои потоа ќе бидат откажани.

На овој начин, вкупниот број акции во оптек ќе се намали, па профитот на компанијата ќе се распредели меѓу помалиот број преостанати акции, објавува „Виршафтсвое“.

Со откуп на сопствените акции, компаниите ја поддржуваат нивната цена и во исто време ја зголемуваат заработката по акција, што е план на „Мерцедес-Бенц“.