Глобална недела на претприемништвото

44

Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе ја отвори петтата по ред „Глобална недела на претприемништвото и бизнис вмрежување“ во Македонија.

Неделата на претприемништвото е најголемиот светски настан за промоција на претприемништвото меѓу младите луѓе. Милиони луѓе ширум светот ќе земат учество во настаните кои ќе се организираат низ стотици градови во периодот од 12 до 18 ноември.

Во Македонија, која е активен член на ова движење од 2008 година, предвидено е да се организираат голем број на настани по повод глобалната недела на претприемништвото.

Настаните ќе имаат цел да ги поттикнат младите луѓе да влезат во светот на претприемништвото, да основаат сопствена компанија и да го дадат својот придонес кон развојот на економијата.