
Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денес предупреди дека цените на кратките европски летови би можеле значително да се зголемат доколку високите цени на нафтата продолжат до летото 2027 година, додека некои компании би можеле да се соочат со банкрот.
Фирмата забележува дека керозинот моментално се продава по околу 140 долари за барел, додека цената на суровата нафта од типот „Брент“ во еден момент достигна 97,04 долари за барел, поради новите конфликти меѓу САД и Иран и стравот од прекини во снабдувањето.
„Рајанер“ предупредува дека превозниците со помала заштита од зголемувањето на цените на горивата (хеџирање) ќе бидат под притисок да го намалат капацитетот, а некои можеби нема да ја преживеат претстојната зимска сезона, објавува „Гардијан“.











