Хрватски „Пословни дневник“ го вброи Живко Мукаетов меѓу највлијателните регионални бизнис-лидери

Хрватскиот бизнис весник „Пословни дневник“ во својата аналитичка тема „Регионален скенер на претприемачи“ ги издвојува највлијателните бизнисмени и регионални лидери. Анализата ги опфаќа клучните претприемачи кои успеваат да се адаптираат на пазарните предизвици и да ги зајакнат своите компании во регионални рамки.

Живко Мукаетов – Македонскиот претставник во регионалниот врв

Во делот посветен на Македонија, „Пословни дневник“ го истакнува Живко Мукаетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

Во текстот се истакнува дека Мукаетов веќе две децении успешно го предводи македонскиот фармацевтски гигант. Весникот посебно ги акцентира масовните вложувања во нови производствени капацитети, истражување и развој како и континуираниот раст на продажбата.

Во текстот на Пословни се наведува:

Најбогатиот Македонец е Живко Мукаетов, извршен директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант Алкалоид. Неговото богатство го процени белградскиот „Недељник“ на 651.330.000 евра и е на 38-мо место. Своето патување во „Алкалоид“ го започна на 25-годишна возраст, во септември 1999 година, од основните хиерархиски нивоа на компанијата, од каде што се искачи, преку разни менаџерски позиции, во мај 2006 година и именуван за генерален директор, а потоа и Претседател на Управен одбор. Претходно, компанијата ја водеше неговиот татко Трајче Мукаетов кој беше на чело на компанијата од 1985 година.
За Алкалоид регионот е почетна точка од која се гради глобална стратегија. Имаат производствен погон во Белград, хемиска лабораторија во Љубљана и корпоративно правен тим во Загреб. Осмислија и  облик на соработка со конкурентите во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. 
Компанијата порасна околу четири и пол пати во последните 18 години.
“Пред сè поради градењето  на портфолио на производи кои имаат додадена вредност, се издвојуваат од конкуренцијата, квалитетни и конкурентни на својот пазар“, рече неодамна Мукаетов во интервју за Ал Џезира Балканс.

Алкалоид лани оствари раст на консолидирана продажба од десет отсто, во вредност од 339,3 милиони евра, консолидирана нето добивка од 29,2 милиони евра, раст на EBITDA од 20 % и инвестиции од 18 милиони евра во период јануари – декември 2025. Вкупната консолидирана продажба на Алкалоид АД Скопје во периодот јануари – декември 2025 достигна 339,3 милиони евра, што е за десет отсто повеќе во однос на истиот период претходната година, се наведува во анализата на Пословни.