Александра Радевска поднесе оставка од функцијата претседател на Управниот одбор на АЛТА банка

Претседателката и член на Управниот одбор на АЛТА банка АД Битола, Александра Радевска, поднесе писмена оставка од раководните функции во банката, информираат преку Македонска берза, согласно Глава 6 од Правилата за котација.

Радевска ја поднела оставката до Надзорниот одбор на 31 август 2026 година, а функцијата претседател и член на Управниот одбор ќе ја извршува заклучно со 30 септември 2026 година.

Согласно важечките регулаторни обврски и интерните акти за добро корпоративно управување, АЛТА банка АД Битола информира дека, претседателот и член на Управниот одбор на Банката г-ѓа Александра Радевска на 31.8.2026 година до Надзорниот одбор на Банката поднесе писмена оставка од функцијата претседател и член на Управниот одбор. 

Г-ѓа Радевска ќе ја извршува функцијата претседател и член на Управниот одбор заклучно со 30.9.2026 година, стoи во објавата на Македонска берза.