
Цените на нафтата, дополнително се зголемија, откако минатата недела цената на барел во Лондон скокна за 7,8, а во САД за речиси 10 проценти. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент утрово се зголеми за 0,85 проценти, на 97,10 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,90 проценти, на 92,30 долари.
На валутните пазари, од друга страна, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути малку се намали. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 99,13 поени, додека во петокот навечер беше 99,16 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 156,25 на 156,10 јени. Сепак, американската валута зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1610 долари, додека во петокот навечер изнесуваше 1,1615 долари.











