
Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, во 2025 година се забележува раст на трошоците за заштита на животната средина за дури 61,6% во споредба со претходната година. Најголем дел од овие средства биле насочени кон управување со отпадните води.
Вкупните трошоци за заштита на животната средина во 2025 година се повисоки за 61.6 % од претходната година
Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2025 година изнесува
16 978 121 илјада денари.
Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на следните трошоци:
• за управување со отпадни води: 53.49 %
• за циркулациски системи за снабдување со вода: 22.24 % и
• за постапување со отпад: 15.43 %.
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина.
Во вкупните трошоци за заштита на животната средина:
• инвестициите учествуваат со 55.87 %, а
• трошоците за одржување со 44.13 %.
Најмногу трошоци во вкупните трошоци за заштита на животната средина направиле индустријата и специјализираните производители: 8 160 132 илјади денари, односно 48.06 %.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и кај специјализираните производители, 16.48 % се наменети за инвестиции, а 83.52 % се за одржување на средствата.
Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад: 84.22 %.
Фото: Pixabay











