Бугарија очекува преку 600 милиони евра инвестиции во автоиндустријата

60

bg koliСе подготвуваат проекти во вредност од над 600 милиони евра, кои ќе отворат најмалку 8.500 работни места во автомобилската индустрија во Бугарија, изјави министерот за економија Драгомир Стојнев. Министерот не даде конкретни податоци за името на компанијата или земјата од каде што ќе дојдат инвестициите.

Во моментов во Бугарија автомобили се составуваат во фабриката на кинеската компанија Great Wall, во близина на селото Буховица. На крајот на минатата година, од фабриката излегоа првите автомобили наменети за извоз во Италија.