Европските берзи во раст, златото се искачи на 4.346 долари

Водечките европски берзански индекси забележаа зголемување на вредноста – лондонскиот FTSE порасна за 0,40 проценти, германскиот DAX за 0,40 проценти, додека францускиот CAC 40 забележа мал плус од 0,21 проценти. Од друга страна, рускиот индекс MOEX забележа пад од 0,99 проценти.

Вредноста на еврото во однос на американскиот долар на девизниот пазар е околу 1,15 долари.

Цената на златото на светскиот пазар забележа дневен пораст од 0,2 проценти и достигна ниво од околу 4.346 долари за тројанска унца.

Во исто време, цената на пченицата на светските берзи се движеше околу 725,75 центи за бушел, со мал дневен пад од 0,39 проценти.