Голем трансфер: Шеф на Волво станува менаџерот кој ја доведе Шкода до одлични деловни бројки!

Волво носи нов извршен директор од Шкода. Германецот Клаус Зелмер станува шеф на Волво, а неговиот прв ден на работа ќе биде на 1 октомври 2027 година. Новиот шеф на кинеско-шведскиот производител има богато искуство во автомобилската индустрија, работејќи во Фолксваген и Порше пред да стане прв менаџер на Шкода во 2022 година.

Зелмер ја направи Шкода најпрофитабилна европска марка и голема приказна за успех.

– Малку марки автомобили изградиле толку силна и трајна репутација за безбедност како Волво, и со нетрпение очекувам да ги градам тие предности – вели Клаус Зелмер.

Сегашниот директор Хакан Самуелсон (75) нема веднаш да ги напушти своите менаџерски должности. Наместо тоа, тој останува на функцијата уште некое време. Самуелсон го водеше Волво два мандата: првиот од 2012 до 2022 година, а потоа повторно од 2025 година.