ДЗС објави колку изнесуваат бруто и нето-платите за јули

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во јули 2026 година продолжува благото зголемување на платите во земјава. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули изнесуваше 48.499 денари, и е зголемена за минимални 118 денари  во споредба со претходниот месец јуни, кога нето-платата изнесуваше 48.381 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2026 година, изнесуваше 48.499 денари.

Во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.1 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10.7 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10.4 % и Дејности во врска со недвижен имот за 9.6 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3.2 % и Градежништво за 2.3 %.

Просечна месечна исплатена бруто-плата 
Во јули 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 72. 935 денари .Во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.1 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10.8 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10.5 % и Дејности во врска со недвижен имот за 9.8 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4.6 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 2.7 % и Градежништво за 2.1 %.