Италијанскиот извоз надвор од ЕУ се зголеми за 16,1 проценти во август на годишно ниво

Италијанскиот извоз во земјите надвор од Европската Унија се зголеми во август за 16,1 процент во споредба со истиот месец минатата година, додека увозот се зголеми за 17,2 проценти, објави денес италијанскиот завод за статистика Истат.

Набљудувано на месечна основа, извозот во август, според сезонски прилагодените податоци, се намалил за 2,1 процент во споредба со јули, додека увозот бил речиси непроменет, со пад од 0,1 процент.

Во август, Италија оствари суфицит во трговијата со земјите надвор од ЕУ од две милијарди евра, во споредба со 1,878 милијарди евра во истиот месец минатата година.