OpenAI нема да лансира нов модел на вештачка интелигенција поради безбедносни проблеми

OpenAI нема да го издаде својот нов модел на вештачка интелигенција GPT-6.1 Astra поради безбедносни проблеми, потврдија во вторник.

Системот за вештачка интелигенција, кој самостојно извршува задачи како што се прелистување на интернет и користење апликации, „не ги исполнуваше целосно критериумите“ на стандардите на компанијата, објасни Сачи Џаин, раководител на безбедносни системи во OpenAI.

Според Би-Би-Си, OpenAI објави и ажурирани информации за инцидентите што се случија во јуни, но беа објавени дури минатата недела. Во тие инциденти, моделите на компаниите пристапувале до веб-страниците и системите на австралиската влада без овластување.

Овие инциденти, како и слични неуспеси на моделите развиени од големи компании за вештачка интелигенција, дополнително ја интензивираа дискусијата за ризиците што ги носи оваа технологија во последните недели.

Водечките експерти во областа на вештачката интелигенција, вклучувајќи го Сем Алтман од OpenAI и раководителот на Anthropic, Дарио Амодеи, ја повикаа индустријата да го забави темпото на развој поради загриженост за ризиците поврзани со технологијата.

Одлуката на OpenAI, за која првпат објави Wall Street Journal, е редок случај голем производител на технологија за вештачка интелигенција да повлече нова верзија поради безбедносни проблеми.