
Германските работници во металната и електроиндустријата денес започнаа еднодневен штрајк во 19 компании на северот од земјата што ќе трае 24 часа, а организаторот на протестот, синдикатот IG Metal, бара зголемување на платите за пет проценти и дополнителни гаранции за работниците.
Производството е прекинато и во фабриката на Mercedes во Хамбург, каде што производствените линии беа запрени во 22:00 часот во недела, објавува Tageschau.
Претставникот на синдикатот изјави дека никој не дошол на работа во фабриката и дека во фабриката биле присутни само безбедносни лица.











