Спорите и некомпетентни процедури ги одложуваат големите инвестиции во Бугарија. Со овие зборови четири здруженија од тешката индустрија се обратија до вицепремиерот за економски прашања Даниела Бобева, со молба да се разговара за ситуацијата и да се преземат мерки, пишува Труд.
“Сегашната практика покажува дека има спори и нестручно изведени процедури кои создаваат бариери за реализација на инвестициски проекти со докажана ефективност во ЕУ”, категорични се индустријалците.
Работодавците сигнализираат дека “немаат информации за преземени радикални активности за намалување на административните режими, но и за подобрување на практиките за нивно спроведување”.