
Продажбата на нови возила во Русија се зголеми за 5,3 проценти во првите девет месеци од 2026 година, на 1,067 милиони, според податоците објавени од руското Министерство за индустрија и трговија.
Најголемиот дел од продажбата беше патнички автомобили, од кои беа продадени 960.400, што е за 7,9 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, објавува Комерсант.
Спротивно на тоа, продажбата на лесни комерцијални возила се намали за 16,6 проценти, камионите за 8,1 процент и автобусите за 7,8 проценти.
Растот забави на крајот на набљудуваниот период, па така во септември во Русија беа продадени 127.400 нови возила, што претставува пад од 6,6 отсто во споредба со истиот месец во 2025 година.
Москва беше водечки пазар во однос на продажбата на нови возила. Продажбата на патнички автомобили во руската престолнина е зголемена за 13 отсто, лесни комерцијални возила за 15 отсто, камиони за 12 отсто, а автобуси за 16 отсто.
Продажбата на електрични и хибридни возила се зголеми за 92,6 проценти на годишно ниво, на 98.600 возила, па нивниот удел во вкупната продажба се зголеми од 5,1 процент во првите девет месеци од минатата година на 9,2 проценти во истиот период оваа година.
Од вкупниот број продадени електрични и хибридни возила, 27.900 се произведени во Русија, што претставува 28,3 проценти од нивната вкупна продажба.











