Во 2024 година платени 15,9 милијарди денари еколошки даноци – скок од 7% за една година

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2024 година вкупно платените даноци за животната средина достигнаа 15.919,4 милиони денари. Ова претставува зголемување од 7,0% во споредба со претходната година.

Во 2024 година се платени за 7.0 % повеќе даноци за животната средина отколку во претходната година. Во 2024 година биле платени даноци за животната средина во износ од 15 919.4 милиони денари.

Најголемо учество во даноците за животната средина имаат даноците за енергенти со 59.5%, по што следат даноците за транспорт со 39.6 % и даноците за загадување со 0.9 %.

Учеството на даноците за животната средина во бруто-домашниот производ во 2024  година е 0.9 %.

Платени даноци за животната средина, 2024 година

За енергенти: 59.5 %
За транспорт: 39.6 %
За загадување: 0.9 %