
Мултинационалните компании најавија повеќе од 1,3 трилиони долари нови странски инвестиции во 2025 година, што е за 2,2 отсто повеќе од претходната година. Најголемите најавени инвестиции опфаќаа фабрики за полупроводници, центри за податоци, енергетски проекти и друга голема инфраструктура.

Оваа визуелизација ги прикажува десетте најголеми странски инвеститори во 2025 година, врз основа на најавените инвестиции од „Извештајот за странски директни инвестиции 2026“. Вклучени се само најавите за странски директни инвестиции (СДИ) во гринфилд, т.е. инвестиции во изградба на нови капацитети, додека спојувањата и преземањата на компании, како и меѓукомпаниските заеми, се исклучени.
Зошто TSMC инвестираше 100 милијарди долари во Аризона
Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC), најголемиот светски производител на полупроводници, го зазеде првото место откако објави дополнителна инвестиција од 100 милијарди долари во своите операции во Аризона во 2025 година.
TSMC е исто така најголемата компанија надвор од САД според пазарната капитализација. Со рекордни профити и растечка побарувачка за своите чипови, компанијата планираше да го забрза производството во своите погони во областа Феникс со оваа инвестиција. Се очекува проширувањето да создаде повеќе од 18.000 работни места.
Табелата ги прикажува десетте најголеми странски инвеститори во светот во 2025 година според најавените капитални инвестиции.
| Koмпанија | Kaпитални инвестиции(во милијрди долари) | Сектор | |
|---|---|---|---|
| 1 | 100,0 | Tехнологија | |
| 2 | 45,1 | Teхнологија | |
| 3 | 43,4 | Финасии | |
| 4 | 28,2 | Финансии | |
| 5 | 25,1 | Teхнологија | |
| 6 | 24,6 | Недвижнини | |
| 7 | 24,3 | Јавни комунални услуги | |
| 8 | 17,7 | Teхнологија | |
| 9 | 17,5 | Eнергетика | |
| 10 | 16,6 | Teхнологија |











