
Њујоршката инвестициска банка „Голдман Сакс“ ја зголеми својата тримесечна прогноза за глобалните акции од неутрална на позитивна (overweight), препорачувајќи им на инвеститорите да ги зголемат своите вложувања во портфолија.
Голдман проценува дека растот на корпоративните приходи и подобрите вреднувања на акциите создаваат поповолни услови за инвестирање во акции пред објавувањето на деловните резултати за третиот квартал од 2026 година, објавува „Ројтерс“.
Банката одржува надпросечна препорака за акциите во САД и Азија, додека останува негативна за европските акции.











