Милица Јосифовска веќе не е член на Надзорниот одбор на ОИЛКО

ОИЛКО КДА Скопје ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза за кадровска промена во своите управувачки органи.

Согласно Правилата за котација, компанијата објави дека на Милица Јосифовска ѝ престана функцијата член на Надзорниот одбор на ОИЛКО КДА Скопје, заклучно со 13 октомври 2026 година, врз основа на претходно поднесена нотарски заверена оставка.