
Американската инвестициска банка Морган Стенли (Morgan Stanley) оствари нето добивка од 4,91 милијарди долари (околу 4,25 милијарди евра) во третиот квартал од 2026 година.
Тоа е зголемување во однос на 4,61 милијарди долари во истиот период минатата година, благодарение на зголеменото тргување со акции во услови на нестабилни финансиски пазари, објави CNBC.
Заработката по акција изнесуваше 3,03 долари, во споредба со 2,80 долари една година претходно, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.












