Годишната инфлација во еврозоната и ЕУ се искачи на 3,8 проценти во август

Годишната стапка на инфлација во Еврозоната во септември 2026 година изнесуваше 3,8 проценти, што е зголемување во споредба со 3,2 проценти во август, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.

Една година претходно, таа стапка беше 2,2 проценти. Годишната инфлација во Европската Унија во септември оваа година изнесуваше 3,8 проценти, што е зголемување во споредба со 3,2 проценти во август. Една година претходно, таа стапка беше 2,6 проценти.

Најниски годишни стапки се забележани во Шведска (1,0 проценти), како и во Унгарија и Данска (и двете по 2,1 процент).

Највисоки годишни стапки се забележани во Романија (6,5 проценти), Литванија (6,1 процент) и Бугарија (5,6 проценти). Во споредба со август, годишната инфлација се намали во една земја-членка, остана стабилна во три и се зголеми во дваесет и три земји-членки.

Во септември 2026 година, енергетските производи (+1,71 процентен поен), услугите (+1,52 процентни поени), индустриските производи (без енергетски производи) (+0,29 процентни поени), како и храната, алкохолот и тутунот (+0,25 процентни поени) позитивно придонесоа за годишната стапка на инфлација во Еврозоната.