Европска централна банка: Економијата на еврозоната покажа отпорност на енергетски шок, но ризиците остануваат

Економијата на еврозоната покажа отпорност на остриот пораст на цените на енергијата на почетокот на 2026 година, благодарение на помалата зависност од фосилни горива, владина поддршка, поповолна глобална средина и инвестиции поврзани со вештачка интелигенција, но ризиците сè уште се присутни, објави денес Европската централна банка (ЕЦБ).

На блогот на банката се вели дека реалниот бруто домашен производ (БДП) на еврозоната, кога се исклучуваат нестабилните податоци за Ирска, бил за 0,6 проценти над нивото од четвртиот квартал од 2026 година во вториот квартал од 2026 година.

Во претходните четири квартали, економијата на еврозоната забележа стабилен квартален раст од околу 0,3 проценти, што беше подобро од очекуваното.